Terms & Conditions

Член 1: Вовед

1. ФД Флекс Кредит ДОО Скопје со регистрирано седиште (и адреса за доставување) на ул. Даме Груев бр.5/8-кат 5 1000 Скопје, 1000 Сопје, Република Македонија, со ЕМБС7422369, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија е-маил: office@flexcredit.mk, тел:13505, во понатамошниот текст ДАВАТЕЛ НА КРЕДИТ во Прилог 1, составен дел на ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ – „Фикси“.
2. Оваа верзија на Општите услови, исто така, е достапна на веб страната (видете, дефиниција подолу).

Член 2: Дефиниции

1. За целите на овие Општи услови:
Закон за заштита на податоци – Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
Граѓански законик – Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, изменет),
Договор – ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
Кредитна контрола – процес на процена на кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и ревизија на можноста за враќање на Кредитот,
Камата – износ на каматата која треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на парите на Давателот на кредит,
Кредит – ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ (како што е дефинирано во Договорот) префрлен на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит,
Општи услови – овие Општи услови,
Веб страна - веб страната на Давателот на кредит, www.flexcredit.mk,
Датум на отплата – денот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања,
Македонски закон за потрошувачки кредити – Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 51/2011),
Кредитно биро – Македонското кредитно биро АД Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, кат 5, Скопје, кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, изменет),
Застапник – лице овластено од Давателот на кредит за склучување на договори за потрошувачки кредит во негово име и за негова сметка,
Апликација – Апликација за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит, како што е наведено во член 2.(1).2) од Договорот,
Кредит за рефинансирање – има значење како што е дадено во член 10 точка 6 подолу. Страни – има значење како што е дадено во Договорот.

Член 3: Услови за одобрување Кредит

1. Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:
а) откако Корисникот на кредит ќе ги исполни услови опишани во член 4 точка 1 дадени подолу,
б) откако Корисникот на кредит ќе достави Апликација до Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена,
в) откако Корисникот на кредит ќе го прифати и потпише Договорот и неговите прилози,
г) откако на Давателот на кредит ќе му бидат обезбедени копии од документите наведени во член 6,
д) откако Давателот на кредит ќе ја утврди кредитната способност на Корисникот на кредит,
ѓ) откако Корисникот на кредит ќе добие позитивен кредитен резултат од кредитната контрола извршена од Давателот на кредит.

Член 4: Услови за поднесување на барање од страна на Корисникот на кредит

1. Корисникот на кредит е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач според член 2, точка 1 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, државјанин на Република Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, има целосен законски капацитет за склучување на договор, прима редовен приход со договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ и е способен да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања на Давателот на кредит.
2. Документите и информациите наведени во член 3б), в) и г) потенцијалниот Корисник на кредит ги доставува на Давателот на кредит преку неговиот застапник.
3. Одобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ќе го извести Корисникот на кредит за резултатите од евалуацијата и ја наведува базата на податоци каде е извршена проверката.

Член 5: Известувања меѓу Страните

1. Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат:
а) преку застапник во текот на лична средба со Корисникот на кредит;
б) преку препорачана пошта;
в) преку телефон или порака;
г) преку е-маил;
2. Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул. Даме Груев бр.5/8-кат 5 1000 Скопје, 1000 Скопје, Република Македонија
3. Давателот на кредит го задржува правото да ги сними и чува телефонските повици со Корисникот на кредит во врска со извршувањето на Договор и/или наплатата на износите кои Корисникот на кредит му ги должи на Давателот на кредит според Договорот.
4. Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот на важноста на Договорот, на негово барање да добива амортизационен план за тековниот Кредит.

Член 6: Потребни документи

1. Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит.
2. Документите наведени во член 6, точка 1 се:
a) копија од Лична Карта – двете страни,
б) копија од последен извештај за годишен приход,
в) копија од банкарски извештај за последниот календарски месец, ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија (фактура за ДДВ) издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на Корисникот на кредит,
г) копија од договорот за вработување,
д) документ за примање на пензија,

Член 7: Гаранција

Доколку Корисникот на кредит не ја исполни својата обврска за обезбедување на гаранција на кредитот во утврдениот рок, согласно член 3 став 4 од овој Договорот за кредит и овие Општи услови, Корисникот на кредит се согласува да плати на Давателот на кредит еднократна парична договорна казна за неисполнување на непарична обврска. Ќе се смета дека Корисникот на кредит ја исполнил својата обврска за обезбедување на гаранција доколку кумулативно бидат исполнети следниве услови:
1. Гарантот е физичко лице:
o вработено со договор за вработување на определено или неопределено време, а да не биде на пробен период, со минимална нето плата од МКД 37,000, за што како доказ треба да приложи оригинална потврда од работодавачот со која се потврдуваат наведените услови – дека е на договор за вработување на определено или неопределено време, а не е на пробен период и износот на неговата нето плата; или o ангажирано со важечки договор на дело со минимален нето приход во период од една година наназад од МКД 444,000 (37,000 х 12), за што како доказ треба да приложи банкарски извод во оригинал за приходите остварени по основ на договорот за дело за периодот од една година наназад. Гарантот е должен да ги достави доказите од алинеја 1 на овој став во хартиена форма и во оригинал во седиштето или во филијали на Давателот на кредит во рок од 3 дена од денот на склулувањето на Договорот за кредит помеѓу Корисникот на кредит и Давателот на кредит, согласно член 3 став 4 од Договорот за кредит.
2. Гарантот не е корисник на кредит од Флекс Кредит, ниту гарант на Флекс Кредит по основ на друг договор за кредит;
3. Гарантот нема сега или немал неподмирени обврски спрема банки или други финансиски друштва по основ на кредит во период од 3 години наназад;
4. Гарантот во рокот утврден во став 2 на овој член да склучи и своерачно да потпише писмен договор за гаранција со Давателот на кредит во својство на гарант платец во седиштето или во филијали на Давателот на кредит. Давателот на кредит ќе ја прими гаранцијата на Корисникот на кредит со склучување договор за гаранција со гарантот во рок од 1 работен ден по приемот на доказите наведени во став 1 алинеја 1 на овој член.

Член 8: Отплата на Кредитот

1. Датумот на отплата е датумот на кој Корисникот на кредит ќе ги плати сите финансиски средства што ја сочинуваат месечната отплата на вкупниот ануитет според член 3.(1).1 од Договорот на застапникот и, по оваа отплата, застапникот, во име и за сметка на Давателот на кредит му дава на Корисникот на кредит доказ за плаќањето со што го потврдува плаќањето и салдото на долгот. Ако Корисникот на кредит врши отплати преку трето лице, Корисникот на кредит дозволува Давателот на кредит да му предаде податоците за Корисникот на кредит содржани во овој документ на лицето кое извршило плаќање во име на Корисникот на кредит, вклучено, особено, информации за можноста за враќање на обврските според Договорот и историјата на плаќање.

Член 9: Последици од неплаќање од страна на Корисникот на кредит (член 8 од Договорот)

1. Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според овој Договор, Давателот на кредит ќе ги има правата, како што е предвидено во член 8 од Договор и во следните точки од овој член.
2. Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен суд за спроведување на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит.
3. Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејство за наплата на своите побарувања.
4. Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени), Давателот на кредит има право да достави информациите за обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на член 9, 10 и 14 од Законот за Кредитно биро.
5. Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, Страните се договорија дека во случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот план во член 3.(1).4 од Договорот, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена по доставување на известување доставено по препорачана пошта на адресата на Корисникот на кредит.

Член 10: Предвремено враќање на кредитот

1. Корисникот на кредит има право, целосно или делумно, да го врати кредитот пред завршување на периодот на важност на Договорот во било кое време без известување.
2. Во случај на предвремено враќање на кредитот, каматната стапка (член 3.(1).6A од Договорот) може да се наплати само пропорционално на дотогаш изминатиот период. Освен тоа, договорната казна за необезбедена гаранција (член 8.(5) од Договорот), доколку е стасана, не се намалува (100% ја плаќа Корисникот на кредит).
3. Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, точка 2 се применува мутатис мутандис; каматната стапка (член 3.(1).6A од Договорот) може да се наплати само пропорционално на дотогаш изминатото време и на предвремено вратениот износ.
4. Доколку, по целосната отплата на кредитот и другите обврски на Корисникот на кредит доспеани за плаќање на Давателот на кредит, останат средства кои треба да му се вратат на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ги враќа истите веднаш на Корисникот на кредит преку застапник.
5. Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, Давателот на кредит ќе изврши повторна пресметка на каматата и ќе му достави на Корисникот на кредит ажуриран амортизационен план, при што дел од каматата што треба да се намали заради предвременото враќање извршено од страна на Корисникот на кредит целосно ќе биде одбиена од износот на следниот доспеан ануитет, во согласност со правилата предвидени во овој член. Ако износ на намалената камата е поголем од оригиналниот износ на ануитетот (како да не било извршено предвремено враќање на дел од кредитот) останатото одбивање ќе се изврши од следниот ануитет. Ако одбивањето поврзано со предвременото плаќање го надминува неподмирениот кредит плус сите такси, Давателот на кредит е обврзан веднаш да го врати износот што е вишок на Корисникот на кредит.
6. Предвременото враќање, исто така, може да се изврши преку нов кредит даден од страна на Давателот на кредит на Корисникот на кредит („Кредит за рефинансирање“). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на постојните долгови на Корисникот на кредит кон Давателот на кредит од тековниот кредит; се применува член 10 точка 2. Кредитот за рефинансирање не може да биде предмет на последователно рефинансирање.
7. Не се наплаќа провизија за делумно или целосно предвремено враќање на кредитот.

Член 11: Повлекување од Договорот

1. Корисникот на кредит има право да се повлече од Договорот во рок од 14 дена од датум на склучување со доставување до Давателот на кредит соодветна писмена изјава во образец даден во Прилог 2 од Договорот и со доставување на адресата на Давателот на кредит наведена во член 5, точка 2 од овие Општи услови.
2. Во случај на повлекување од Договорот, Корисникот на кредит е обврзан да го врати целиот износ на дадениот кредит без никакво одлагање (а најдоцна во рок од 30 дена од дадената изјава за повлекување), заедно со акумулираната камата до времето на враќањето; Корисникот на кредит нема да сноси дополнителни трошоци или провизии.
3. Во случај ако Корисникот на кредит не достави до Давателот на кредит писмената изјава, како што е наведено во точка 1 погоре, ако Корисникот на кредит го врати целиот износ на дадениот кредит заедно со акумулираната камата до периодот на враќањето во рок од 14 дена кои му се достапни на Корисникот на кредит да се повлече од Договорот, се смета дека Корисникот на кредит се повлекол од Договорот од датумот на враќањето.
4. Во случај на враќање во согласност со точка од 1 – 3 дадени погоре, Договорот истекува.

Член 12: Пренесување на лични податоци (член 4 од Договорот)

1. Корисникот на кредит дава своја согласност дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања, пропишана во член 9 точка 3 (во случај опишан во член 9 точка 3).

Член 13: Жалбена постапка

1. Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис до: на адресата на ФД Флекс Кредит наведена погоре.
2. На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок и Давателот на кредит ќе настојува (но не може да гарантира) да одговори во рок од 30 работни дена.
3. Доколку по добиениот одговор, Корисникот на кредит не е задоволен од истиот, тој/таа може да се жали на одлуката, во писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се разгледаат.

Член 14: Пренесување

1. Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Давателот на кредит.
2. Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Корисникот на кредит, освен во околностите предвидени во член 9 точка 3 погоре.

Член 15: Престанок на важност

1. Освен правото на раскинување, како што е предвидено во член 9 точка 5 од овие Општи услови, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку: (а) Корисникот на кредит, за да го добие
Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или
2. Корисникот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план од член 3.(1) од Договорот.
3. Во случај на раскинување според член 9 точка 5 или член 15 точка 1 од овие Општи услови, Кредитот заедно со акумулираната камата до датумот на реалното враќање веднаш доспева за плаќање. Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот на кредит како резултат на раскинување од страна на Давателот на кредит според член 9 точка 5 или член 15 точка 1 од овие Општи услови ќе биде наведен од страна на
Давателот на кредит во известувањето за раскинување.
4. Во случај на раскинување според член 15 точка 2 од овие Општи услови, износите кои остануваат да се платат со датуми на плаќање (датумите ќе бидат исти како што се оригинално дадени во член 3.(1),4 од Договорот) од страна на Корисникот на кредит како резултат на негово раскинување на Договорот според член 15 точка 2 од овие Општи услови ќе бидат пропишани од страна на Давателот на кредит во известување за порамнување испратено до Корисникот на кредит со препорачано писмо во рок од 10 дена по датумот на раскинувањето.

Член 16: Завршни одредби

1. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат на сила. Договорот или овие Општи услови може да се изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.
2. Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот и неговите прилози, особено Законот за облигациони односи, Законот за потрошувачки кредити и други општо обврзувачки одредби од македонското законодавство.
3. Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.

Apply for online credit Online credit
Amount: 200 EUR